Повредата на Мбапе не е сериозна

Фудбалерите на ПСЖ, во средата, го победија Олимпик Марсеј 3-0 и се пласираа во полуфиналето на францускиот Куп, но сенка на победата фрли фактот дека Килијан Мбапе сам побарал да биде земанет на полувремето.

Мбапе се пожалил на повреда, а иронијата е што ја доби во дуелот со тимот против кого пред три дена се повреид и Нејмар. Бразилецот. во неделата, во првенствениот натпревар ја скриши метатарзалната коска во стапалото, до крајот неделата треба да биде опериран и потоа му следува период на рехабилитација од шест недели.

Веднаш по натпреварот тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, одговорил на прашањето околу повредата на Мбапе и како и во случајот со Нејмар од пред три дена понудил оптимистички одговор.

„Мбапе доби удар во скочниот зглоб. Побара да не игра во второто полувреме. Не е ништо страшно“, рекол Емери.

Навивачите на ПСЖ се надеваат дека Емери е во право и дека талентираниот напаѓач ќе биде во тимот наредниот вторник кога ПСЖ ќе го пречека мадридски Реал во осминафиналнот реванш во Лигата на шампионите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари