logo
logo
logo

Повратнички 20-тина минути за Елмас: Наполи славеше против Фиорентина (ВИДЕО)

Vecer | 13.09.2025

Повратнички 20-тина минути за Елмас: Наполи славеше против Фиорентина (ВИДЕО)

фото: Lega Serie A (X)

Наполи ја продолжи победничката низа од почетокот на сезоната во Серија А, откако славеше вечерва на гостувањето во Фиренца против Фиорентина со 1:3. Во првиот меч по репрезентативната пауза, италијанскиот првак покажа дека во извонредна форма ја дочека и новата сезона, гладен за победи дојде до нов триумф.

Де Брујне од пенал во 6. минута го отвори резултатот за 0:1, додека Хојлунд со својот дебитантски гол во составот на наполитанците во 14. минута зголеми и на 0:2.

Во второто полувреме гостите преку уште еден дебитант, Сам Беукема погодија и за 0:3, додека Фиорентина доцна се разбуди, па покрај голот на Раниери во 79. минута имаше уште неколку добри шанси од кои не успеа да постигне уште некој гол.

Нашиот Елиф Елмас влезе во 69. минута и ги одигра првите минути во дресот на својот поранешен клуб. Во самата завршина Елмас имаше и шанса за гол, но неговиот шут го одбрани Де Геа.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk