logo
logo
logo

Повеќе од 40 милиони причини: Ете зошто Мурињо не може да добие отказ во Тотенхем!

Vecer | 15.02.2021

Повеќе од 40 милиони причини: Ете зошто Мурињо не може да добие отказ во Тотенхем!

Добро, одлично Тотенхем ја почна оваа сезона, неколку кола тимот на Жозе Мурињо дури беше и прв на табелата во Премиер- лигата. Срамежливо фановите на клубот од Лондон фантазираа дека оваа сезона би можела да биде и шампионска, тандемот Кејн – Сон просто растураше. И потоа потоп, дојде повредата на капитенот Кејн кој откако се врати никако да ја врати и старата добра форма.

Мурињо реди порази каде и да стигне, а веќе се најавува дека Даниел Леви, првиот човек на клубот има намера да му врачи отказ на Португалецот. Со оглед на финансиската криза предизвикана од пандемијата, Тотенхем е во навистина незавидна положба, се најавува дури продавање на Хари Кејн во Манчестер Сити.

Но, едно е сигурно. А тоа е дека, барем така пишуваат медиумите на островот, Мурињо нема шанси да биде сменет. Причините се во парите. Имено Португалецот има таков договор со Тотенхем, во кој стои дека ако Леви реши да го “шутне“, а договорот е важечки е до јуни 2023 година, тој мора автоматски да ги исплати сите пари до јуни 2023 година на Мурињо. Познато е дека Жозе добива годишна плата од 17 милиони евра, а тука се бонусите и остатокот од оваа сезона.

Значи сумата е некаде околу 40 милиони евра.

Токму затоа Леви ќе мора и натаму да го трпи Португалецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk