logo
logo
logo

ПОТВРДЕНО: Италијанската влада дозволи гледачи на мечевите од ЕП

Vecer | 13.04.2021

ПОТВРДЕНО: Италијанската влада дозволи гледачи на мечевите од ЕП

Италијанската влада и официјално дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско првенство во фудбал. Италија и стадионот „Олимпико“ во Рим ќе бидат домаќини на неколку средби, меѓу кои и оној на отворањето. Италијанската влада денеска испратила писмо до Италијанската федерација со која потврдува дека ќе биде дозволено присуство на навивачи во висина од најмалку 25% од капацитетот на стадионот.

„Оваа владина одлука е одлична вест што веднаш ќе и ја пренесеме на УЕФА“, рече претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

„Ова е порака за голема доверба и извонредна визија. Италија покажа храброст, Италија се бори против пандемијата и истовремено работи на безбедно рестартирање, според јасна и дефинирана програма и календар“, додаде Гравина, заблагодарувајќи им се на премиерот Марио Драги и министерот за здравство Роберт Сперанца.

Рим со тоа стана деветтиот град што ќе овозможи на некои навивачи да се вратат на трибините. Пред него тоа го потврдија и Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург, додека Билбао, Даблин и Минхен мора да дадат информации за своите планови до 19 април.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk