logo
logo
logo

Потврден „хаосот“ во соблекувалната на Јуве: Помошникот не зборува со никого, се скарал со Пирло...

Vecer | 23.03.2021

Потврден „хаосот“ во соблекувалната на Јуве: Помошникот не зборува со никого, се скарал со Пирло...

Андреа Пирло е пред отказ во Јувентус, откако неговиот тим испадна од Лигата на шампионите, а загуби на домашен терен од Беневенто изминатиот викенд. Сезонава Јувентус не само што нема да ја освои шампионската титула, туку е далеку од првото место кое го држи Интер.

„Ла Република“ пишува дека при евентуален отказ од Јуве, Тудор ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

Но, двајцата имаат лоши односи, откако се скарале пред извесен период. Тудор веќе не ни дава инструкции на играчите за време на натпревар, а виновен бил токму Пирло.

Тудор, пак, е во добри односи со раководството, но се прептоставува дека ако добие отказ Пирло, со него ќе замине и неговиот помошник Роберто Баронио, па така ќе остане само Тудор кој би можел да ја превзеде екипата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk