logo
logo
logo

Португалија „плаче“ за голот на Роналдо, а истото му се случи и на Милан (ВИДЕО)

Vecer | 28.03.2021

Португалија „плаче“ за голот на Роналдо, а истото му се случи и на Милан (ВИДЕО)

Главна тема последниве 24. часа во фудбалскиот свет секако е непризнаетиот гол на Кристијано Роналдо на влерашниот меч помеѓу Србија и Португалија, одигран во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“. Истиот заврпи 2:2, требаше да биде 2:3, топката ја мина гол линијата по шутот на португалецот но за негова жал, судиите тоа не го видоа.

Сега светот се навраќа во далечната 1988 година и оние историски дуели помеѓу Црвена Звезда и Милан на истиот овој стадион кој тогаш нормално се викаше Маракана. Тогаш на Милан му се случи истото што и на Португалија вчера но за негова среќа тогаш клубот од Милано мина во следната фаза по подоброто изведување на пеналите. Сепак, тоа можеше да го стори и во регуларниот дел, доколку голот кој очигледно постоеше беше признаен. Тогаш херој на Црвена Звезда беше Горан Василијевиќ кој ја „извади“ топката од голот, кога веќе таа беше влезена внатре веројатное еден метар.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk