Португалија непоразена во Милано, Шкотска ја понижи Албанија (видео)

" alt=

Фудбалската репрезентација на Португалија избори пласман во полуфиналето на Лигата на нации откако вечерва одигра досадно реми 0-0 во Милано против Италија.

Португалците во првите 45 минути беа тотално надиграни, но не успеаја да шутнат на голот на Донарума. Младиот Киеза имаше шанса да ја доведе својата селекција во водство во вториот дел, додека Португалците дури во 76. минута вистински се заканија.

Италија ги загуби шансите за прво место во групата и пласман во полуфиналето, а Португалија е лидер на табелата.

Шкотска лесно и убедливо во Албанија, со конечни 0-4 доминираше во целиот меч. Фрејзер постигна гол за Шкотите, па Албанија остана со играч помалку, Маврај доби црвен картон во 23. минута. Потоа со рутинска игра Шкотска го дотолчи противникот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари