logo
logo
logo

Португалецот кој и пресуди на Хрватска со емотивна порака (ФОТО)

Vecer | 15.03.2021

Португалецот кој и пресуди на Хрватска со емотивна порака (ФОТО)

Ракометарите на Португалија испишаа историја откако вечера во квалификациите ја совладаа Франција со 29-28 и за првпат во историјата ќе играат на Олимписките игри.

Пласманот на оваа земја во Токио значеше крај на надежите за Хрватска, а одлучувачкиот гол го постигна Руи Силва во последните секунди.

По завршување на мечот, ракометарот на Португалија и Порто постираше емотивна објава посветена на Алфредо Кинтана, голманот кој почина на 33. години.

„Трчаше со мене, шутираше со мене и со мене го постигна тој гол. Сега одиме во Токио, заедно ќе продолжиме да пишуваме историја. Ова денеска засекогаш ќе биде за тебе“, стои во објавата заедно со фотографија. Силва на својата рака го истетовира ликот на Кинтана.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk