logo
logo
logo

Португалците не можат да се помират, сега испратија протесна нота до УЕФА

Vecer | 28.03.2021

Португалците не можат да се помират, сега испратија протесна нота до УЕФА

Фудбалскиот сојуз на Португалија не може да се помири со исходот од натпреварот против Србија во Белград, па затоа одлучи да ја продолжи борбата за правда на институционално ниво.

Ден по контроверзниот крај на натпреварот на „Маракана“ и непризнатиот гол на Кристијано Роналдо, тие директно се обратија до Европската куќа на фудбалот. Португалија денеска испратила протестна нота до седиштето на УЕФА во Нион, против холандскиот судија Дани Макели и неговите помошници, кои не видоа дека топката ја минува гол-линијата. Според информацијата, Португалија бара остри казни за судиите, како и итно воведување на ВАР системот и технологијата на голови во продолжението на квалификациите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk