logo
logo
logo

Портпаролот на Порто суспендиран по скандалозните изјави за Роналдо и Јувентус

Vecer | 13.03.2021

Портпаролот на Порто суспендиран по скандалозните изјави за Роналдо и Јувентус

Иако минаа неколку дена откако тимот на Порто беше поуспешен од Јувентус во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, сепак, страстите не стивнуваат.

Последна вест поврзана со овој меч е скандалот со портпаролот на Порто. Имено, контроверзниот и „оштар на јазик“, Фернандо Саул во еуфорија и делириум по триумфот над Јувентус на социјалните мрежи напиша сериозно наверувачка порака.

„Се осветивме на италијанскиоте крадски за поразот во Базел во 1984 година (се мисли на поразот на Портов во финалето на финалето на купот на победниците на куповите). Се осветивме на онаа свиња Роналдо за се што има направено на Драгао. Сега чекам видео од неговата мајка Долорес и неговото грдо семејство“ – напиша Саул. Потоа откако се свести што направил го исприша постот но секако веќе беше дозна.

Клубот Порто, нормално покрена дизциплинска постапка против својот вработен,  тој ќе биде суспендиран. Ова не му е првпат на Саул да биде во оваа ситуација затоа што пред неколку години тој за време на мечот против Бенфика на официјалниот микрофон се развика доста ни е кражба.

Секако, семејството Роналдо не остана немо по ова прашање, а се обрати неговата сестра КАтја.

„Ти си свиња. Кога зборуваш за Роналдо мора прво да си ја измиеш устата. Овде очигледно дека премногу простор и предност им се дава на личности кои се аналфабети и кои се пореметени. Порто, не си ти виновен, овој човек на ниту еден начин не го претставува вашиот клуб. Едвај го чекам денот кога ќе се срентеме лице во лице и да видам што имаш тогаш да кажеш“ – напиша сетсрата на Роналдо.

После се ова, се огласи и самиот Фернандо Саул со директно извинување.

„Сакам да и се извинам на фамилијата Роналдо што ги навредив. Доволно сум понизен и признавам дека претерав и погрешив. Грешам јас, но грешат  други. Моето длабоко извинување“ – напиша Саул.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk