Челниците на германски клуб со потег за историја

Порно-актерка стана главен спонзор на фудбалски клуб

Обервурзбах се натпреварува во шестата германска лига, а интересно е што идејата за вакво спонзорство дојде од челниците на клубот

Наградуваната германска порно-актерка Лена Нитро, стана главен спонзор на фудбалскиот клуб Обервурзбах (ОБЕРЊÜРЗБАЦХ) и нејзиното име ќе биде испишано на дресовите на фудбалерите од предната страна.

Обервурзбах се натпреварува во шестата германска лига, а интересно е што идејата за вакво спонзорство дојде од челниците на клубот.

Сакавме да направиме нешто лудо, за што ќе се зборува низ целиот свет за нас, открија првите луѓе на клубот.

И успеаја во тоа, бидејќи на Интернет брзо се раширија вестите за нивниот нов спонзор, а Лена вели дека и е чест што нејзиното име ќе биде испишано на дресовите на фудбалерите.

Лена Нитро (30) е од Берлин, а пред седум години голем број на списанија во Германија ја посочија како нова ѕвезда во порно-индустријата. Во 2011 и 2013 година беше наградена за најдобра актерка во филмови за возрасни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари