Неодолива понуда за поранешниот фудбалер на Парма

Порно - актерка сака да го обработи Асприља

Поранешниот фудбалер на Парма и Њукасл, Колумбиецот Фаустино Асприља, е главна мета на медиумите на Апенинскиот Полуостров, бидејќи неговата сонародничка Амаранта Ханк јавно му понуди да и биде партнер во еден порно-филм

Таа воедно е поранешна новинарка и писателка во својата татковина, а од неодамна започна да снима филмови за возрасни, во кои посакува да го промовира и Фаустино. Тој се уште не дал одговор за тоа дали ќе и се придружи или не на "големата сцена" на сексапилната Амаранта.

Пред неколку години Асприља беше во центарот на внимание на спортската јавност, откако беше "нападнат" од самата порно-индустрија и главните лица во неа. Тогаш тие му бараа 10.000 долари за да не излезат во јавноста видеоснимките на кои Колумбиецот има секс со голем број порно-актерки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари