logo
logo
logo

Пораз за Валенсија во дебито на Димитријевиќ

Vecer | 18.09.2021

Пораз за Валенсија во дебито на Димитријевиќ

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ на време се опорави по повредата со која се здоби за време на подготовките пред стартот на сезоната.

Официјалното деби на Нено во дресот на Валенсија не мина според неговите желби. Тој покажа дека е вистинско засилување за тимот, но Валенсија сезоната ја отвори со пораз, на домашен терен беше совладана со 67-70.

Некаде до стартот на третата четвртина Валенсија беше во негатива, но со серија од 13-0 направи пресврт и поведе со 48-42. Ова беше прво поголемо водство по почетното од 5-0. Нено учествуваше во оваа серија на својот тим, постигна четири поени, сите од линијата за слободни фрлања.

По само минута и пол во последниот период, Валенсија поведе со 54-44. Но, не успеа да го сочува водството, Басконија се врати, па тимот на Нено го „бркаше“ резултатот. Македонскиот репрезентативец пред крајот постигна два поени, но само да го ублажи поразот.

Нено мечот го заврши со девет поени (1/4 за три, 1/1 за два, 4/4 за еден поен), во игра мина 20:40 минути за кои додаде шест скока.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk