logo
logo
logo

Поранешната ѕвезда на Баерн стана тренер на Ривер Плата

Vecer | 15.11.2022

Поранешната ѕвезда на Баерн стана тренер на Ривер Плата

Поранешниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис е новиот тренер на еден од најголемите светски клубови Ривер Плата. Ова прво го соопшти Баерн каде што Демикелис работеше како тренер на вториот тим, а потоа и аргентинските медиуми кои веќе го „уловија“ екс-фудбалерот на Баерн во аргентинската престолнина Буенос Аирес.

Демикелис се враќа во клубот во кој дебитираше во професионалниот фудбал во 2000 година. Тој го замени Марсело Гаљардо кој истера осум успешни сезони на чело на „милионерите“.

Демикелис ја почна тренерската кариера во 2017 година како помошник во шпанската Малага. Во 2019 година тој го презема тимот на Баерн до 19 години, а од минатата година и Б тимот на Баерн.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk