logo
logo
logo

Поранешен голман на Англија: Тешко дека Алиоски ќе остане во Лидс

Vecer | 26.02.2021

Поранешен голман на Англија: Тешко дека Алиоски ќе остане во Лидс

Поранешниот долгогодишен голман на Лидс и на англиската фудбалска репрезентација Пол Робинсон истакна во изјава за британските медиуми оти не очекува премиерлигашот од Јоркшир да му понуди продолжување на соработката на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски по истекот на договорot на крајот од сезоната.

Робинсон рече дека позицијата лев бек на која тренерот на Лидс, Марсело Биелса, го форсира Алиоски не е типична за македонскиот репрезентативец.

Алиоски „врза“ 16 натпревари во серија во почетниот состав на Лидс како лев бек, но по поразот од Арсенал (4:2), на 14 февруари кога беше заменет на стартот на второто полувреме, и со враќањето во тимот по повредата на Стјуарт Далас, македонскиот репрезентативец го загуби првотимскиот статус.

-Мислам дека левата бековска позиција не е типична за Алиоски за што говори и бројот 10 што го носи на дресот. Доколку тимот игра добро, Биелса нема да го менува и тоа ќе биде очигледна порака за Алиоски. Од друга страна, доколку тој не игра редовно и доколку левата бековска позиција остане единствена опција за него во тимот, мислам дека тој ќе си замине на лето кога му истекува договорот, изјави Робинсон за локалниот весник „МОТ Лидс Њуз“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk