logo
logo
logo

Поради замор: Шкендија без капитенот Бејтулаи против Струга ТЛ!

Vecer | 01.05.2021

Поради замор: Шкендија без капитенот Бејтулаи против Струга ТЛ!

Новиот шампион, тимот на Шкендија денеска во меч од 31.коло како домаќин во Гостивар ќе ја дочека Струга Трим Лум. Меч кој е од големо значење на гостите, кои со триумф и натаму остануваат во битката за Европа, додека Шкендија не крие дека посакува и девета победа во серија.

Секако дека се очекува да биде супер интересно, и двете екипи се во одлична форма, ќе се игра на победа, на гол повеќе.

Информациите од Шкендија велат дека поради замор за денешниот меч е ослободен од обврските капитенот и репрезентативецот Егзон Бејтулаи, тој сигурно нема да настапи. Во тимот се враќаат Незири и Дориев, а се очекува стратегот Ернест Ѓока да им даде шанса на некои играчи кои досега имаа помала минутажа, барем на стартот од мечот. Нешто слично како што беше на последниот меч со Работнички кој тетовци го добија со 5:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk