logo
logo
logo

Поради реновирање на теренот: Брегалница ќе биде домаќин во Кочани!

Vecer | 12.04.2021

Поради реновирање на теренот: Брегалница ќе биде домаќин во Кочани!

Брегалница е на чекор до официјализирање на пласманот во елитата. Остануваат уште пет кола до крајот на ВМФЛ – ИСТОК, а четата на стратегот Марјан Секуловски има девет бода предност во однос на вториот Тиквеш. Значи математички на “сините“ им се потребни само уште 7 бода до славјето. Секако дека интенција на екипата е победа на сите пет натпревари, во најмала рака да се заврши првенството без пораз.

Инаку Брегалница уште отсега се подготвува за настапите во Првата лига. Имено почна реновирање на теренот, а тоа значи дека екипата ќе мора најмалку две до три недели своите мечеви како домаќини да ги игра надвор од Штип. Одлучено е саботниот меч со Росоман да се игра во Кочани. Во случај да не се стигне навреме, тогаши мечевите со Кожуф и Тиквеш двата последни на кои Брегалница ќе биде домаќин, ќе се играат надвор од градот под Исарот.

Нема што, во Штип веќе наголемо “мириса“ на Прва лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk