КАКА ОТКРИ ДЕКА МУ БИЛ СОМНИТЕЛЕН ПРОЕКТОТ НА СИТИ

Поради моето НЕ, Милан загуби 110 мил. евра

Сепак, никој точно не знаеше колку ќе требаше да одвои англискиот клуб за да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец, но осум години подоцна, поранешниот фудбалер на италијанскиот калчо гигант Милан, ги откри најсочните детали

Беше јануари 2009 година, кога најбогатиот англиски клуб Манчестер Сити се обиде да ги осигура услугите на тогаш еден од најдобрите фудбалери во целиот свет.

Рикардо Кака беше на само еден чекор од преселба на "Итихат", но после молбите и протестите на најверните фанови, одлучи да остане во Милано до крајот на сезоната.

Сепак, никој точно не знаеше колку ќе требаше да одвои англискиот клуб за да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец, но осум години подоцна, поранешниот фудбалер на италијанскиот калчо гигант Милан, ги откри најсочните детали.

Двата клуба постигнаа договор околу обесштетувањето кое ќе чинеше 110 мил. евра. Остана уште јас да дадам позитивен одговор. Ми понудија плата која беше многу подобра од таа која ја заработував на "Сан Сиро". Но јас дојдов до заклучок дека не е дојден вистинскиот момент за преселба во редовите на Сити, не знаев како ќе се развива нивниот проект. Побараа од мене да го напуштам еден од најтрофејните клубови во Европа и да потпишам за клуб кој е на почеток од еден амбициозен проект. Јас ќе бев првата голема ѕвезда. Посигурно ми беше да останам во редовите на Милан, изјави Кака.

Последниот освојувач на "Златната топка", пред да почне ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, пропушти шанса да биде крунисан за најскап фудбалер на сите времиња, но шест месеци подоцна, за 68,5 мил. евра беше продаден на Реал (М). Во 2013 година Кака повторно се врати во редовите на Милан, но следната сезона потпиша за американскиот клуб Орландо Сити.

Поврзани

Најнови вести

Коментари