logo
logo
logo

Поповиќ: Имавме големи очекувања, но за жал оваа слика е реална

Vecer | 01.03.2021

Поповиќ: Имавме големи очекувања, но за жал оваа слика е реална

Металург утре го последниот натпревар во Европската лига, во Скопје гостува Адемар Леон. Тимот од Автокоманда во изминатиот период мака мачеше со коронавирусот, па токму затоа не се покажа во најдобро светло. Па последната европска пресметка ќе биде одлична подготовка за дуелите од Супер-лигата.

„Сите знаеме каква екипа е Адемар Леон, покриена е на сите позиции со квалитетни ракометари и константно напредува. Доказ за тоа се и победите над Висла Плок и Чеховски Медведи. Од друга страна, Металург сè уште има проблеми со вирусот и затоа не можеме да ветуваме атак на бодови на овој дуел. Она што можеме да го ветиме е дека ќе го дадеме максимумот од себе, а овој дуел ќе го искористиме за да се воиграме за вториот дел од Суперлигата. Искрено не сум многу задоволен од досегашните резултати, затоа што имавме големи очекувања. Но, за жал оваа слика е реална, бидејќи имавме многу проблеми со вирусот. Што се однесува до моите настапи, може да бидам задоволен, но сепак не во целост, затоа што тимот не ги бележеше посакуваните резултати“, Милан Поповиќ.

Мечот меѓу Металург – Адемар Леон се игра со почеток во 18:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk