По првото полувреме Академија Пандев со голот на Радески во 11.минута води со 1:0 откако претходно Мартинага прекрасно шутираше. „Пандевци“ можеа преку Серафимов да поведат со 2:0, но Атанасковски ги спаси „лавовите“ кога ја изби топката од гол – линијата.

На Арената на дербито меѓу Работнички и Шкендија без голови. Во 44.зицер имаше домашниот фудбалер Максимов, но утна цел гол. Ренова убедлива со Вардар, води со 2:0 со головите на Шефити и Селмани, гостите се со играч помалку по црвениот картон на Радулович -Величковиќ.

Борец води со Беласица во Велес со 2:1 и тоа со головите на Баша и Адили, Митевски израмни на 1:1.

Во Кратово и Струга се игра доста тврдо и мрежите мируваат по првите 45.минути.

sportmedia.mk