logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ ВО ПЕРМ: Македонија на минус 21 поен од Европското првенство

Vecer | 22.02.2021

ПОЛУВРЕМЕ ВО ПЕРМ: Македонија на минус 21 поен од Европското првенство

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме на дуелот со Естонија, последен во квалификациите за ЕП 2022 има негатива од 49-38. Ова значи дека во второто полувреме треба да надокнадиме место на континенталното натпреварување.

Како што беше најавено, Ненад Димитријевиќ влезе уште во првата минута на дуелот.

Мал хаос на теренот на почетокот на мечот, притисокот беше видлив. Поведовме со тројката на Трајковски, вторите поени ги постигнавме три минути подоцна преку Димитријевиќ за 5-5. Влеговме во серија на грешки, одбраната не беше на посакуваното ниво. Естонија казни, поведе со плус шест (14-8 и 16-10), негативата беше и минус седум 19-12 и 21-14. Не ја поправивме играта, противникот поведе со двоицифрени 26-16, по првата четвртина беше 27-18.

На стартот Естонците дојдоа на плус 11 (29-18). Конечно заигравме добро, со серија од 6-0, четири поени на Нено и два на Војдан, намаливме на 29-24. Блесокот беше краток. Естонија не попушташе, лесно ја пробиваше нашата одбрана (39-26 во 24 минута и 43-30 во 26. минута). Никако не успевавме да ја симнеме двоцифрената негатива. Грешките се редеа. Резултатот на полувремето е 49-38.

Бојан Трајковски со 14 поени е нашиот најефикасен кошаркар, Димитријевиќ запиша 9 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk