logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ ВО КИЕВ: Македонија води против Украина

Vecer | 29.11.2021

ПОЛУВРЕМЕ ВО КИЕВ: Македонија води против Украина

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме против Украина во Киев има позитива од четири поени (30-34). Ова е втор меч во рамките на квалификациите за пласман на СП 2023 година.

Нашите момци не делуваат ни малку лошо, до сега дефинитивно се подобар противник на теренот. Има борбеност и најважно желба, противникот ниту еднаш не успеа да дојде до водство. Најголемото беше плус осум (23-31).

Добро влеговме во дуелот, со двата поени на Мекиќ и Николов, и тројката на Симиќ поведовме со 2-7 по три и пол минути игра. Украинците со тројката на Лукашов израмнија на 9-9 во шестата минута, а потоа и на 11-11. Ова беше период со малку поени, па токму затоа Бајиќ ги ротираше кошаркарите, ја бараше вистинската петорка.

Во краткиот хаос најдобро се снајдоа нашите кошаркари, Маслинко со четири поени и Вајли зголемија на 11-17.

По 14-17 во десетата минута, Украина успеа да израмни по трепат на во овој период (19-19) и на голема среќа да промаши два напади за превземање на водството.

Правевме грешки, но најважно знаевме како да се вратиме, да го надмудриме противникот.

Бојан Крстевски со тројка и изнуден фаул во напад, а потоа Дамјан Стојановски и Мекиќ зголемија на 21-28 на нецели четири минути до крајот. Имавме и плус осум (23-31).  Токму по последните плус осум влеговме во мала криза, домаќинот направи серија од 7-3 за 30-34 на одморот. Оваа позитива, како и играта треба да им даде ветер во грб на нашите кошаркари пред најважните 20. минути.

Мекиќ со осум поени е прв стрелец, по четири имаат Вајли, Робев и Маслинко имаат по четири поени, Крстевски, Дамјан и Симиќ запишаа по три поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk