Завршија првите полувремиња од сите шест мечеви од 30.коло во ПМФЛ. Во битката за опстанок, во Велес домашниот борец со голот на Мишов води против Вардар. Гостите може да бидат задоволни, според играта и шансите Борец требаше да води со поуверлива разлика.

Големи киксови на голманите на Шкендија и Пелистер, Захов и Талески. Тоа го искористија Марио Станковски и Робсон кои им донесоа водство на своите тимови Работнички и Македонија ЃП. До крајот на полувремето тетовци преку Игор и Хебај направи пресврт и водат со 2:1.

Пандевци“ со голот на Миловановиќ водат против Ренова, додека на вториот меч во Струмица, Беласица и Силекс играат 1:1. Нема голови само на средбата меѓу Струга ТЛ и Шкупи.

sportmedia.mk