Вардар 1961 по првото полувреме против Монпеље во рамките на 4. коло во Лигата на шампиони има негатива од четири гола (11-15). Засега фали експлозивноста која ја гледавме на претходните мечеви, ја нема дефанзивата, ниту пак добра реализација.

Ќе мора да се подигне нивото на игра за да „црвено-црните“ се вратат во мечот и останат непоразени.

Македонскиот првак ја немаше потребната цврстина во одбраната, па гостите го отворија мечот со 0-2 и успеаја да го наметнат своето темпо. Во 13. минута поведоа со плус три (4-7), а потоа и 5-8. Пред средината на првото полувреме, Вујовиќ направи промена на голот, излезе Томовски, влезе Ристовски.

Првата одбрана на Борко го разбуди Вардар, со погодоците на Георгиевски и Дибиров, дојде на минус еден 7-8. „Црвено-црните“ никако не успеваа да израмнат, а противникот во 24. минута, одново поведе со три гола (9-12).

Вујовиќ беше принуден да го земе вториот тајм-аут. Не се промени ништо на теренот, Борко се обидуваше да го смени текот на мечот, но Вардар остана со играч помалку, па негативата дојде на четири гола (11-15) на одморот.

Три гола има Дибиров, два Тото, по еден Георгиевски, Стоилов, Гаџа, Моралес, Кевин Њокас и Кудуз.

sportmedia.mk