logo
logo
logo

Полувреме: Струга ТЛ си го “мачка“ шампионот, Работнички нема милост за Вардар, Радески не реализира пенал...

Vecer | 01.05.2021

Полувреме: Струга ТЛ си го “мачка“ шампионот, Работнички нема милост за Вардар, Радески не реализира пенал...

Завршија првите полувремиња од шесте мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Изненадувачки, Струга ТЛ како гостин во Гостивар има убедливо водството со Шкендија од 2:0. Алтипармаковски и Босанчиќ до 8.минута му донесоа водство на својот тим.

Работнички нема милост кон соседот, води со 2:0 и тоа со головите на Силјановски и Ѓурѓевиќ.
На ФФМ убав меч меѓу Шкупи и Македонија ЃП. Домашните беа подобри, имаа барем три големи шанси но сепак нема голови.

Ренова има водство против Беласица од 2:0 и тоа со головите на Јашаровски. Силекс очекувано води со Борец, и тоа со голот на Пепи Горгиев. Израмнето е во Битола, “пандевци“ поведоа со голот на Маркоски за да Маневски израмни на 1:1. Интересно, во 44.минута Талески му одбрани пенал на Радески.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk