logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ: Ракометарите имаат негатива од два гола против Финска

Vecer | 28.04.2021

ПОЛУВРЕМЕ: Ракометарите имаат негатива од два гола против Финска

Македонската ракометна репрезентација одигра прво полувреме под свите можности. Одбраната, техничките грешки, но и реализацијата беше проблемот на „црвено-жолтите“, кои промашија два удари од седум метри. На полувремето против Финска имаме негатива од два гола 14-12.

Кузмановски со три гола е прв стрелец, два има Георгиевски, Томовски има седум одбрани.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров одлучи да штеди сили за мечот против Швајцарија во недела, и да почне со променет состав. Без капитенот, Стоилов и Миркуловски, со Велковски, Талески, Ѓоргиев, Манасков, Пешевски, Георгиевски и Томовски на голот.

Македонија поведе прва, со голот на Георгиевски. По промашениот седмерец на Манасков, Финска поведе со 3-1 во петата минута. Противникот играше „седум на шест“. Кузмановски погоди од седум метри, Томовски одбрани, следеше казна од Талески за 3-3 во осмата минута.

Со нова серија од 2-0 го вративме почетното водство 5-6. Не успеавме да влеземе во ритам, па на средината на првото полувреме, Лазаров повика тајм-аут при 9-8. Во игра влегоа капитенот, Стоилов, Миркуловски, Маџовски и Кузмановски.

Продолживме да се мачиме со Финците, во 22. минута имаа предност од 12-9, во 25. минута по нашите бројни технички грешки имаа нови 13-10. Домашниот состав доби две исклучувања во низа, Македонија со головите на Лазаров и Миркуловски намалија на 13-12, промашија три зицери за целосен пресврт.

На одморот резултатот е 14-12.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk