Фантастично прво полувреме на Работнички на ФФМ против Шкупи. Во 1. и 9.минута Стојкоски и Прелчец постигнаа два гола за 2:0, имаа гостите шанси и зицери и за поубедливо водство, црно му се пишуваше на Шкупи. Реално требаше да биде најмалку 4:1 или 5:1, пошто Нето имаше идеална шанса за домашните.

Тренерот Озер интересно во 30.минута направи двојна измена.

Ова е најдоброто издание на Работнички во едно полувреме наназад неколку години.

По првите 45.минути водат и Струга Трим Лум со Вардар, стрелец на голот беше Ристески од пенал, и Пелистер со Борец. Пак тој Пејаковиќ стрелаше за битолчани. Без голови се игра на градските дербија во Тетово и Струмица.

sportmedia.mk