logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ: Македонија – Данска (11-15)

Vecer | 17.01.2022

ПОЛУВРЕМЕ: Македонија – Данска (11-15)

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Данска има негатива од четири гола (11-15). Ова е последен меч за нашите момци на Европското првенство.

За разлика од дуелот со Црна Гора, ракометари влегоа силно, на крилата на Никола Митревски, добрата одбрана изгледавме одлично.

Три одбрани на Митревски и едно промашување на Данска, Македонија со головите на Костески, Талески, Пешевски и Кузмановски поведе со 4-0 во шестата минута. Хансен кој беше на клупата влезе да го изведе првиот седмерец, промаши.

Имавме шанса за поголемо водство, но следеше серија на промашувања. Данска казни со три гола во низа за 4-3 во 12. минута, првиот гол го постигна дури во деветата минута. Ние продолживме со серијата промашувања, Кузмановски се повреди, останавме со играч помалку во 13. минута. Киркелеке со третиот погодок израмни на 4-4.

Серафимов ја прекина серијата на противникот, Македонија беше без погодок седум минути. Еден играч ни создаваше проблеми, Киркелеке ја погоди мрежата за прво водство на својата репрезентација во 16. минута (5-6).

Данска фати ритам, со брза транзиција, не и дозволуваше на Македонија одново да дојде до водство. Негативата стигна на минус два 7-9 во 20. минута. Митревски одбрани седмерец, не искористивме напад за израмнување, Данска не прости, па поведе со 9-13 во 24. минута. Пак проблем беа техничките грешки.

До два гола во низа (еден на Митревски, негова нова одбрана), дојдовме на 11-13. Хансен го совлада од втора Митревски од седум метри за 11-14. Кузманоски промаши седмерец, Македонија на одмор заминува со негатива од четири гола (11-15).

Митревски има пет одбрани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk