logo
logo
logo

Полувреме: Добар фудбал на Арената, “Пандевци“ водат со 1:0, Јовановски му фати пенал на Прелчец... (видео)

Vecer | 13.03.2021

Полувреме: Добар фудбал на Арената, “Пандевци“ водат со 1:0, Јовановски му фати пенал на Прелчец... (видео)

Добар, квалитетен фудбал во првото полувреме на Арената во Скопје меѓу Работнички и А. Пандев. Водат струмичани со 1:0 и тоа со голот на Крстовски во 11.минута. Гостите имаа уште неколку шанси, ана другата страна Работнички во неколку наврати преку Лука Станковски се закануваше, но голманот Марко Јовановски секогаш беше на своето место.

Во 45+1. Работнички имаше идеална шанса за израмнување. Но ударот од белата точка на Прелчец, одличниот на овој меч Марко Јовановски со фантастична парада успеа да го одбрани и да го однесе својот тим на пауза со предност од 1:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk