logo
logo
logo

Полувреме: Бурни 2:2 во Ѓорче, Струга ТЛ не може да го “скрши“ Вардар, Марио Станковски пак стрела...

Vecer | 09.05.2021

Полувреме: Бурни 2:2 во Ѓорче, Струга ТЛ не може да го “скрши“ Вардар, Марио Станковски пак стрела...

Одлично, пеколно прво полувреме во Ѓорче каде Македонија ЃП и Шкендија одиграа 2:2. Шампионот рамо поведе со 2:0, и тоа со двата гола на Бесарт Ибраими, за да за само три минути, во 32. и 35.минута домашните преку Фазли и Робсон израмнија. Меч со многу шанси, нема што одлични први 45.минути.

На Арената во Скопје, Работнички и Силекс по првиот дел е 1:1. Гостите поведоа со голот на Штерев, за да следуваше убавиот гол на Марио Станковски за израмнување.

Во дербито на Струмица, А. Пандев со 2:0 води против Беласица. Паноски и Крстовски беа стрелците, но Беласица преку Демир и Калпачки имаше шанси за подобар скор по првите 45.минути на овој меч.

На ФФМ екипите на Шкупи и Пелистер играат 0:0, исто таков резултат е во Струга, каде Вардар одолева на домашниот состав.

Во Велес со голот на Мишов домашниот Борец води против Ренова. Треба да се каже дека на 0:0 “гипсарите“ преку Селмани не реализираа пенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk