logo
logo
logo

Полувреме: Братски гол, Лука асистира, Марио “тресе“, стрелаше и Ѓурѓевиќ за 2:0 за Работнички

Vecer | 10.04.2021

Полувреме: Братски гол, Лука асистира, Марио “тресе“, стрелаше и Ѓурѓевиќ за 2:0 за Работнички

Убедливо водство на Работнички по првите 45.минути против Пелистер од 2:0. Марио Станковски во 22.минута, по асистенцијата на неговиот брат Лука, постигна гол за водство од 1:0. Претходно Марио ја погоди и пречката на битолчани. Во 36.минута по додавањето на Ристовски, Ѓурѓевиќ стрелаше за 2:0, претходно тој имаше и зицер, но го успеа да го погоди само гостинскиот голман Талески.

Работнички од контранапади, од транзиција беше опасен, успеа да ја искористи и смушеноста на гостинската одбрана, во секој случај добар, одличен Работнички и заслужено водство од 2:0.

Од Пелистер повеќе се очекуваше. Се можеше да биде поинаку ако во првите пет минути гостите постигнаа барем еден гол од заканите на Пејаковиќ, Гоудиаби и Маневски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk