logo
logo
logo

Полувреме: Беласица води кај Шкупи, 1:1 на Арената, голеда во Битола, Трим Лум подобра од Работнички...

Vecer | 14.04.2021

Полувреме: Беласица води кај Шкупи, 1:1 на Арената, голеда во Битола, Трим Лум подобра од Работнички...

Интересни први полувремиња на шест натпревари од 27.коло во ПМФЛ. Беласица сензационално води со 1:0 на гости кај Шкупи и тоа со голот на Бењамин Демир, гостите имаа потоа уште една шанса но Наумовски спасуваше.

На Арената во битката за опстанокот, Вардар и Ренова играат 1:1. Гостите преку Јашаровски поведоа, за да Мирчевски израмни.

Голеада во Битола. Силекс со двата гола на Пепи Горгиев поведе со 2:0, но за само шест минути Пелистер израмни на 2:2 со головите на Драгарски и Илиески.

Шкендија и Академија Пандев играат без голови, ова требаше да биде дерби на колото.

Македонија ЃП со голот на Самир Фазли во 45+2. води против Борец со 1:0.

Струга Трим Лум е многу подобра од Работнички и заслужено води со 1:0 со голот на Миленковски. Домашните бараа и пенал кога Тодоросвски стартуваше врз Алтипармаковски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk