Не успеа Бобан Николов и неговиот тим Лече да извади барем бод на гостувањето кај тимот на Монца и со тоа да си ги зголеми шансите за пласман во Серија А следната сезона. Напротив, Лече загуби со 1:0 и на тој начин остана на досега освоените 61. бод.

Николов заигра во последните половина час, кога неговиот тим целосно се фрли на напад, и создаде некои ситуации пред противничкиот гол но не ги искористи.

Да биде проблемот уште поголем, ова беше директен дуел за место на самиот врв, сега Монца е таа која е со ист број на бодови како и Лече. Згора на тоа, тимот на Салернитана во седмата минута од судиското продолжение победи со пенал кај Порденоне и изби на втората позиција со 63. бода.

Од друга страна пак, на две кола пред крајот, тимот на Емполи стана нов член на Серија А со триумфот денеска над Козенца.

 

sportmedia.mk