logo
logo
logo

„Покажавме карактер, Вардар никогаш не смее да се отпише“

Vecer | 20.03.2021

„Покажавме карактер, Вардар никогаш не смее да се отпише“

Вардар 1961 го совлада Мотор со 32-27 и ја прекина серијата од два порази во низа во СЕХА-лига. Македонскиот тим за првпат после седум меча одигра далеку подобро во одбраната и не дозволи во својата мрежа да прими 30 и повеќе голови.

„Честитки до моите играчи за победата, во текот на целиот натпревар бевме подобар противник од Мотор. Кажав и пред натпреварот, не очекува борба на четири фронта и мора да ја креваме формата од меч во меч. Пред нас е најважниот дел од сезоната. Со Мотор одигравме добро посебно во нападот, иако имаме проблеми со ростерот поради кратка ротација и се трудиме тоа да го компензираме со игра „седум на шест“. Уште еднаш, покажавме карактер и дека Вардар никогаш не треба да се отпише, затоа што има квалитет. Се надевам на уште подобри игри во иднина. Ни следат домашното првенство и Веспрем“, изјави Стевче Алушовски.

Анте Гаџа со осум гола од 11 обиди беше прв стрелец во редовите на „црвено-црните“.

„Нашата цел беше да покажеме дека поразот во Украина не беше реален, бевме далеку од нашето најдобро во Запорожје на премиерата против нив. Имам чувство дека растеме, играме подобро и се подготвуваме за најважниот дел од сезоната кој допрва доаѓа“, рече Гаџа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk