logo
logo
logo

Погба: Оваа сезона мора нешто да освоиме

Vecer | 18.04.2021

Погба: Оваа сезона мора нешто да освоиме

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, вели дека оваа сезона нема да се за доволи со ништо друго, освен со освојување на еден трофеј со „црвените ѓаволи“.

„Ние мора да освоиме нешто. Само сакам да освојам нешто. Не сакам да играм, да победувам и да останам со празни раце. Не сум добар во поразите, секогаш ќе биде така. Секој пат кога играм, сакам да победувам. Овој клуб има големи цели и цели што сакаме да ги постигнеме, а тоа е да освоиме трофеј. Тоа е тоа што го сакаме. Сè уште играме во Лигата на Европа и имаме за што да се бориме. Плус тука е и Премиер лигата. Се додека Манчестер Сити не стигне до тој трофеј, ние ќе продолжиме да работиме и да се бориме“, вели Погба.

Французинот е мета на низа шпекулации дека летово ќе си замине од „Олд Трафорд“, но засега нема некоја конкретна информација за преговори со заинтересираните клубови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk