logo
logo
logo

Подвиг на ФМП – Од -15 до победа над Левски во Софија!

Vecer | 19.01.2022

Подвиг на ФМП – Од -15 до победа над Левски во Софија!

Кошаркарите на Навико Академија ФМП ја забележаа првата победа во групата во БИБЛ лигата, а ја совладаа екипата на Левски и тоа во Софија. Тимот од Кисела Вода на полувреме имаше негатива од дури 15 поени (34:49), меѓутоа собраа сили и се надминаа себе си, а го изненадија и ривалот инаку фаворит на овој дуел. Со одличното второ полувреме го свртеа резултатот и стигнаа до победа од 84:81.

ФМП го имаа Били Ајви кој реализираше 29 поени, Крстајиќ постигна 17, а Бакоч и Тодоровски имаа по 11.

Последниот меч во оваа регионална лига екипата на ФМП ќе го одигра на 25. јануари на домашен терен против Балкан од Ботевград.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk