logo
logo
logo

Почнуваме со „омилената“ 3-5-2 формација, без Велковски, со Пандев и Нестор во нападот?

Vecer | 25.03.2021

Почнуваме со „омилената“ 3-5-2 формација, без Велковски, со Пандев и Нестор во нападот?

Од Букурешт, Огнен Дојчиновски

Иако дефинитивниот состав, па ако сакате и формација за вечерашниот дуел со Романија ќе се знае некаде на два часа пред почетокот на мечот, се чини дека се “крчка“ нашиот стартен тим.

Стручниот штаб на нашата репрезентација веројатно ќе се одлучи за “омилената“ 3-5-2 формација иако не е исклучено и за нешто друго.

Проблем задава повредата на Дарко Велковски, кој на синоќешниот тренинг се повредил, па така во одбраната ќе мора без него.

Тоа значи дека Димитриевски ќе биде на голот, стоперската линија ќе ја сочинуваат Муслиу, Бејтулаи и Ристевски. Во средниот ред на десната страна ќе биде Ристовски, на левата Алиоски. Класични играчи за врска би биле Николов и Барди, додека Елмас би се позиционирал нешто пред нив.

Додека во нападот секако дека почнуваме со Пандев и Несторовски.

Секако дека ова е само една опција, а да кажеме дека, во зависност од резултатот, своја шанса од клупата ќе чекаат Ибраими, Хасани, Трајковски, Спировски, Радески, Аврамовски, Стојановски.

Секако дека Романците треба да бидат подготвени и на тактичко изненадување од страна на нашиот стручен штаб, но рековме веќе, ајде да почекаме до некаде околу 19 или 19:30 часот.

Инаку да споменеме дека мечот вечерва во Букурешт започнува во 20:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk