logo
logo
logo

Почнува 29-от македонски одбојкарски шампионат

Vecer | 15.10.2021

Почнува 29-от македонски одбојкарски шампионат

По репрезентативните активности летово и настапот на македонските одбојкари на Европското првенство во Тампере, во наредните месеци во прв план ќе бидат нашите одбојкарски клубови. Единаесет во машка и осум во женска конкуренција утре ќе го почнат натпреварувањето во 29-от македонски одбојкарски шампионат. Струмица 47 & 72 и Јанта волеј Кисела вода ќе го бранат тронот, а неколку нивни конкуренти, главно истите од лани, ќе ја задржат амбицијата да ја освојат титулата.

Во премиерната рунда кај мажите, актуелниот вицепрвак Универзитет во Тетово ќе го пречека составот на Штип УГД, а саботната двојна програма во градот под Шара ќе почне со пресметката на Шкендија и на Дибраволеј. Тетовските тимови се фаворити не само поради ланскиот пласман, туку испоред плановите со коишто ќе влезат во сезоната 2021/22. Вардар, кој лани беше полуфиналист, но без никакви шанси за нешто повеќе, новиот прволигашки пат ќе го почне против Лирија на свој терен, дебитантот во Првата лига, Македонија Џио ќе гостува кај Јанта волеј, а најрамноправен се очекува да биде дуелот на ГОК БОрец и на Весна Пробиштип в понеделник од 20 часот, со пренос на МРТ-3. На отворањето на сезоната ќе нема активност за актуелниот првак Струмица, којшто отсегаќе го носи името Струмица 47 & 72. Во есенскиот дел кај одбојкарите екипите ќе играат меѓу себе по еднаш, а првите шест ќе продолжат во Втората фаза-1 во којашто ќе има двокружен ситем заодредување на полуфиналистите.

Кај дамите, дербито е меѓу ланските полуфиналисти Струмица жени и Работнички Скопје, две екипи со квалитет да конкурираат за врвот и сезонава, а победа во првиот натпревар ќе значи поголема самодоверба пред воведниот дел во којшто ќе се игра според „принципот секој со секого, дома и на гости“, значи ќе има вкупно 14 кола. Актуелните шампионки од Јанта волеј Кисела вода ќе се соочат со Фит фан волеј, финалистот Вардар жени ќе сервира против Пелистер волеј пред своја публика, а Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со Наковски волеј. Според правилата за натпреварување, првиот дел ќе гоминат најдобрите четири, што значи дека битката за полуфинале ќе биде решена уште по есенските 14 кола. Во Втората фаза-1 и во Втората фаза-2 ќе има по шест средби.

Во понискиот квалитативен ранг кај дамите ќе има девет екипи, но тие нема да играат овој викенд, туку натпреварувачката2021/22 ќе ја почнат во некој друг термин.

Прва лига (мажи), 1.коло

Универзитет во Тетово – Штип УГД      (сабота, 20.00)

Вардар – Лирија                                         (сабота, 18.00)

Шкендија – Дибра волеј                           (сабота, 18.00)

Јанта волеј – Македонија Џио                (сабота, 16.30)

ГОК Борец – Весна Пробиштип             (понеделник, 20.00, пренос на МРТ-3)

***Слободнае екипата на Струмица 47 & 72

Прва лига (жени), 1.коло

Струмицажени – Работнички Скопје            (сабота, 19.00)

Вардар жени – Пелистер волеј                         (сабота, 18.00)

Јантаволеј КВ – Фит фан волеј                         (сабота,19.00)

Универзитетво Тетово – Наковски волеј     (сабота,17.00)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk