logo
logo
logo

Почнаа проблемите: Зајков позитивен на коронавирус, Стојановски во неизвесност!

Vecer | 18.03.2021

Почнаа проблемите: Зајков позитивен на коронавирус, Стојановски во неизвесност!

Почнаа проблемите за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на собирот на репрезентацијата за мартовскиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022 година.

Лоши вести од Белгија, од редовите на тамошниот клуб Шарлроа. Имено се информира дека нашиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков “дека е позитивен на Ковид-19. Тоа значи дека тој нема теорија да дојде во Скопје во понеделник кога стартуваат подготовките за мечевите со Романија (25.03), Лихтенштајн (28.03) и Германија (31.03).

Од друга страна сосема е неизвесно доаѓањето на Влатко Стојановски од Франција, од тимот на Шамбли. Познато е дека Франција забрани странците надвор од ЕУ да одат во своите репрезентации. Во спротивно ги чека двонеделен карантин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk