logo
logo
logo

Почнаа одбојкарите: Работнички го доби женското дерби со Струмица, Вардар поразен од Лирија

Vecer | 16.10.2021

Почнаа одбојкарите: Работнички го доби женското дерби со Струмица, Вардар поразен од Лирија

Со четири натпревари од првото коло, денеска и официјално стартуваше 29. одбојкарски шампионат на Македонија.

Одбојкарите на Лирија почнаа со изненадувачка победа во Скопје совладувајќи го тимот на Вардар со 1:3 (25:21, 18:25, 18:25, 17:25). Иако „црвено-црните“ го освоија првиот сет, следните три им припаднаа на гостите кои на крајот ги освоија првите бодови на стартот на сезоната.

Убедливи победи остварија Универзитет во Тетово над екипата на Штип УГД со 3:0 (25:8, 25:16, 25:21), како и Јанта Волеј која со 3:0 (25:13, 25:10, 25:12) беше подобра од Македонија Џио.

Кај дамите во 1. коло од новата сезона големото дерби се одигра во Струмица. Две од екипите кои ќе се борат за титулата одиграа одличен меч кој заврши по 5 сета со победа на Работнички од 3:2. Скопјанки водеа со 2:0, Струмица се врати за 2:2, по што во тај-брејкот поуспешни беа гостинките кои на крајот славеа со 3:2.

Пелистер славеше во Скопје против екипата на Вардар со 3:1. Јанта Волеј во три сета го преслуша тимот на Фит Фан Волеј, додека Наковски Волеј однесе победа на гостувањето во Тетово против екипата на Универзитет во Тетово со максимален резултат.

Прва лига (мажи), 1. коло

Универзитет во Тетово – Штип УГД    3:0 (25:8, 25:16, 25:21)

Вардар – Лирија                              1:3 (25:21, 18:25, 18:25, 17:25)

Шкендија – Дибра волеј                   3:0 

Јанта волеј – Македонија Џио          3:0 (25:13, 25:10, 25:12)

ГОК Борец – Весна Пробиштип             (понеделник, 20.00, пренос на МРТ-3)

***Слободна е екипата на Струмица 47 & 72

Прва лига (жени), 1. коло

Струмица жени – Работнички Скопје    2:3

Вардар жени – Пелистер волеј            1:3 (25:21, 15:25, 16:25, 23:25)

Јантаволеј КВ – Фит фан волеј             3:0 (25:17, 25:16, 25:23)

Универзитетво Тетово – Наковски волеј   0:3 (18:25, 20:25, 16:25)

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk