logo
logo
logo

Почина легендарниот НФЛ тренер Шотенхајмер

Vecer | 09.02.2021

Почина легендарниот НФЛ тренер Шотенхајмер

Американската спортска икона Марти Шотенхајмер почина на 71 годишна возраст по долга борба со Алцхајмеровата болест. Легендарниот НФЛ тренер починал само неколку денови откако бил префрлен во болница по компликации со болеста.

На Шотенхајмер му беше дијагностициран Алцхајмер во 2014 година, а од тогаш водеше битка која на крајот ја загуби.

Тој беше играч на Бафало Билс и на Бостон Петриотс. А како тренер во 21 годишната кариера беше на чело на многу НФЛ клубови. Најмногу во Канзас Сити Чифс (10 години), потоа во Кливленд Браунс, Сан Диего Чарџерс (по 5 сезони)…  Тој е осми на листата на тренери со најмногу НФЛ победи, сепак, не успеа да ја освои титулата со ниту еден клуб.

Во 2004 година беше прогласен на НФЛ тренер на годината.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk