Почетино: Нема да правиме трансфери за да задоволиме нечии очекувања

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го утврди однесувањето на својот тим како „храбро", откако „петлите" станаа првиот тим од 2003-та година, кога е воведен трансферниот прозорец, кој не остварува ниту една зделка. Тимот од Лондон целосно го задржа својот состав и не се раздели, ниту привлече нови фудбалери.

Нови договори потпишаа поголем дел од најдобрите играчи - Хари Кејн, Деле Али, Син Хун-Мин. Аргентинецот ги бранеше активностите на раководството и рече дека не сака да има трансфери, само за да каже дека има такви.

- Можеби сега сите ќе речат: „О, Тотенхем не зеде никој", но не сакам да земам играч само поради тоа. Секое мислење треба да биде почитувано, но тоа е нашата одлука - да не привлечеме никој и нема да го направиме, за да не сме единствените во Европа, кои не купиле нов играч. Нашата одлука беше да ги задржиме нашите најдобри играчи. Мислам дека тоа беше храбра одлука, изјави Аргентинецот на пресот пред почетокот на сезоната.

Тој, исто така, се осврна и на некои други глобални теми како „Брегзит", кои исто така влијаеле на однесувањето на англискиот тим.

- Изградивме нов стадион, и ова е огромна инвестиција. Првично, тоа мораше да чини околу 400 милиони евра, но потоа дојде „Брегзит" и сè се промени. Цената се зголеми на речиси една милијарда. „Брегзит" нè чини 30 отсто повеќе. Разликата меѓу фунтата и еврото го направи тоа. Ова е драма и јас сочувствувам со Англичаните, ги прокоментира Почетино случувањата во неговиот тим ова лето.

Тотенхем очекува да се пресели во својот нов стадион во северниот дел на Лондон во септември, при што првиот домашен дуел е поврзан со отворањето на стадионот против Ливерпул.

„Петлите" ја отвораат својата сезона во Премиер Лигата утре со натпревар од 13,30 часот против Њукасл.

Поврзани

Најнови вести

Коментари