По трет пат допингувана

Победничката на највалканата трка доживотно суспендирана

Турската атлетичарка, Асли Чакир Алптекин, е доживотно суспендирана поради тоа што по трет пат падна на допинг тест

Таа на Олимписките игри во Лондон во 2012 година го освои златниот медал на трката на 1.500 метри, но најсјајното одличје и беше одземено, бидејќи примерокот бил позитивен на допинг контролата. Таа трка воедно беше именувана како "највалкана на сите времиња". Дури шест од девет натпреварувачки користеле допинг.

Кога во прашање е Алпеткин, таа истото го повтори и пред две години, кога доби нова суспензија на осум години. Казната се применувала ретроактивно од 2013 година, па истата и била преполовена. Но, оваа година 32-годишната атлетичарка се врати на патеката, каде повторно е фатена на дело. Поради овој лош потег, таа доживотно е суспендирана и за неа повеќе нема место во спортот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари