Светската тенисерка број 2 Наоми Осака објави дека се откажува од настапите на Ролан Гарос сезонава откако одби да присуствува на прес-конференциите. Јапонката одлучи да ги бојкотира новинарите на турнирот во Париз, а по жестоките критики од нејзини колеги и колешки, како и организаторите и медиумите, таа реши да се повлече од турнирот па дури по цена да го загуби второто место на светската листа.

Таа уште пред да почне турнирот рече дека нема да се појавува на задолжителните прес-конференции со оглед на менталните и психолошки проблеми во изминатите две години. Пред се се плашеше да не почнат да ја прашуваат за нејзините проблеми, а не за својата игра.

Наоми победи во првото коло, но не се појави на прес-конференцијата и поради тоа беше казнета со 15.000 долари. Четирикратната Грен слем победничка реши да го прекине настапот на францускиот Грен слем.


sportmedia.mk