logo
logo
logo

По тешката повреда на коленото: Денвер ќе остане без Мареј и пет месеци од следната сезона?

Vecer | 13.04.2021

По тешката повреда на коленото: Денвер ќе остане без Мареј и пет месеци од следната сезона?

Ѕвездата на Денвер, Џамал Мареј ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на дуелот со Голден Стејт и за него сезоната е официјално завршена. Тој заедно со Никола Јокиќ е најважниот и најдобриот кошаркар на Нагетс, што за тимот веројатно е најголемиот пех кој можеше да им се случи во моментите кога искрено се надеваа дека ќе можат да го нападнат шампионскиот трон.

Последните вести од САД велат дека ниту еден кошаркар во НБА не се врати на терените за помалку од 11 месеци по една ваква повреда. Тоа би значело дека Мареј, доколку НБА се врати во вообичаениот распоред, ќе пропушти од следната сезона околу пет и пол месеци.

Канаѓанецот блескаше во плеј-офот минатата сезона, кога Нагетс се пласираше во финалето на Западот, а многумина дури ги рангираа меѓу фаворитите за титулата оваа сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk