По поразот од Македонија во финалето од Лигата на Нации, и останувањето без Европско првенство, Грузија немаше селектор откако Владимир Вајс си поднесе оставка.

Грузија долго време беше во потрага по селектор, а го најде во прославеното име на Баерн Минхен и на француската репрезентација. Станува збор за Вили Сањол, кој што беше дел од „Баварците“ девет години. За Франција одигра 58 меча. Досега беше асистент тренер во таборот на Баерн.

sportmedia.mk