logo
logo
logo

По пет години Мина замина од Евертон и се сели во Турција

Vecer | 05.06.2023

По пет години Мина замина од Евертон и се сели во Турција

Колумбиецот Јери Мина веќе не е фудбалер на Евертон. Тој го официјализираше заминувањето од „карамелите“ откако со тимот изборија опставок во Премиер лигата. Преку социјалните мрежи со опширна порака Колумбиецот се прости од навивачите, по пет сезони минати во синиот дел од Ливерпул во кои одигра 99 натпревари и постигна девет гола.

„Пред последниот натпревар кажав дека имавме последна заедничка мисија… и ја постигнавме! Соработката меѓу тимот и навивачите беше спектакуларна. Фудбалот е прекрасен спорт и секогаш ни дава можност да се подобриме и да се вратиме посилни“, напиша Мина.

„Сакам да ви се заблагодарам за секој споделен момент во последните пет години, за секои овации и што го направивте на Гудисон парк кој е магично место. Благодарност до клубот за довербата и до сите мои соиграчи и тренери“, додаде тој.

Мина беше на радарот на неколку клубови во последните месеци, а се зборува дека најблиску е до трансфер во Турција, со оглед на тоа што веќе има понуди од Фенербахче и Бешикташ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk