logo
logo
logo

По паузата продолжува првенството: Гостивар на дерби во Куманово

Vecer | 27.02.2021

По паузата продолжува првенството: Гостивар на дерби во Куманово

По репрезентативната пауза, вечерва со два меча продолжува тековниот кошаркарски шампионат во машка конкуренција. Меѓу првите два дуели од новото 15. коло, следува и едно дерби.

Веројатно најинтересниот дуел од ова првенствено коло ќе се одигра во Куманово (18 ч.), каде гостин ќе биде тимот на Гостивар. Ова е дурл во кој се среќаваат две екипи кои претендираат за горните позиции во шампионатот.

Марјан Јанески добро знае со кого ќе имаат работа на вечерашниот меч, па во пресрет на ова гостување, вели дека Куманово е тим против кој не е лесно да се игра, особено не на гости.

„Сакаме да ја продолжиме победничката серија. Тоа е нашиот план за ова гостување. Знаеме дека никогаш не е лесно да се игра во Куманово. Но добро ги познаваме условите, имаме во нашата екипа играчи кои биле дел од Куманово во минатото. Факт е дека паузата нè одалечи од натпреварувачкиот ритам. Но така е и за нашиот вечерашен противник“.

Кумановци се во добар ритам, откако во меѓувреме обезбедија и пласман во вториот круг на натпреварите од БИБЛ лигата и секако вечерва очекуваат триумф.

Покрај  овој меч, денеска во 18 часот се среќаваат и ФМП Академија и Црн дрим.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk