logo
logo
logo

По нашата забелешка, КФСМ ја призна грешката (ФОТО)

Vecer | 11.04.2021

По нашата забелешка, КФСМ ја призна грешката (ФОТО)

СПОРТМЕДИА вчера застана во одбрана на кошаркарите, откако КФСМ го погази својот збор и не го испочитува рокот од 48 часа меѓу секој заостанат натпревар.

Дел од екипите влегоа во турбо-ритам, со цел да ги одиграат мечевите кои им се „натрупаа“ поради обврските на меѓународна сцена. КФСМ го одреди распоредот и притоа потенцираше дека меѓу секој меч треба да има разлика од 48 часа.

Грешката беше веднаш направена, а по наша забелешка поправена.

Работнички кој играше дерби против ТФТ, против МЗТ Скопје 2 првично доби делегирање да игра во 15:30 часот, што е далеку од прописите на КФСМ. Па уште вчера беше сменет терминот, најтрофејниот кошаркарски колектив денеска ќе гостува во 17 часот.

Колку и да звучи смешно разликата од два часа или пак половина час, сите треба да бидат свесни дека на овој начин се загрозува здравјето на кошаркарите, силното темпо може да предизвика сериозни повреди, а потоа ќе биде доцна.

КФСМ не стори промени за дуелот меѓу Кожув и Куманово, но тука клубовите ќе бидат одговорни доколку непочитувањето на 48-те часа меѓу секој натпревар, донесе проблеми.

ПРВИОТ ТЕРМИН

ВТОРИОТ ТЕРМИН

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk