logo
logo
logo

По Јакимовски и Лука Савичевиќ заминува во НЦАА лигата

Vecer | 02.04.2021

По Јакимовски и Лука Савичевиќ заминува во НЦАА лигата

Младиот кошаркар на МЗТ Скопје 2, Лука Савичевиќ, ќе биде вториот наш кошаркар кој ќе замине во американската колеџ лига (НЦАА). Според последните информации, Савичевиќ ја завршува процедурата за заминувањето во САД и наесен треба да заигра за Универзитетот на Северна Каролина.

Нашиот млад кошаркар е интересен за Универзитетите во САД откако имаше добар настап пред две години на ЕП за играчи до 18 години. Савичевиќ во моментно се опоравува од повредата на зглобот, по што ќе се направат и финалните подготовки за заминувањето во САД.

Ова секако ќе биде одлично за нашата кошарка, затоа што во колеџ-лигата во САД веќе го имаме Андреј Јакимовски, кој заедно со Савичевиќ се иднината на нашата репрезентација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk